ФОТО: Ова се загинатите затворски чувари кај Штип


Полицијата го утврди идентитетот на двајцата загинати во вчера вечерта со автомобил  завршија во водите на Брегалница.

Ристе Ш. (30) и Коце П. (41) се двајцата вработени во штипскиот затвор кои загинаа синоќа откако од засега непознати причини со автомобилот излетале од коловозот и завршиле во водите на Брегалница. Двајцата колеги починале на лице место.riste-koce

Дел од медиумите синоќа објавија дека останатите двајца колеги кои биле во автомобилот позади нив, веднаш застанале и влегле во водата за да ги спасат колегите, но било предоцна за нивните колеги.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а телата се предадени на обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1