Проверувајте си ги децата – 7 годишно дете потрошило 5,900 долари на iPhone игра!


Седум годишниот Фејзл Шуга ја запамтил Apple ID лозинката на својот татко и потоа направил голем број на трансакции во рок од неколку дена…

Мухамед, кој работи со столарија, вели дека не бил лут на синот, туку на Apple:

„Зашто 32 годишен човек би трошел илјадници долари на игра? Apple требаше да ме извести преку e-mail дека овие трансакции се извршени, а доколку не дознаев, веројатно ќе добиев многу поголема сметка од оваа“

На крајот, се заврши добро бидејќи Apple ги врати парите, како дел од ненамерна грешка на синот. Ова е одлична лекција за сите останати…

Всушност, станува збор за 65 трансакции во вредниост од 5,900 долари, направени во периодот од 13-ти до 18-ти декември, пред да биде откриен од страна на татко му, Мухамед Шуга. Станува збор за играта Jurassic World, а детето ги појачувало своите диносауруси користејќи Dino Bucks, без воопшто да знае дека тоа чини пари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1