Постојат многу верувања во врска со змиите кои често ги сметаме како „ бапски верувања„
Се верува дека на денешниов празник света Троица, змиите излегуваа од земја и тоа не сите туку само оние кои се грешни, Бог ги брка од земјата а оние кои не се остануваат,
Оној кој гази змија со боса нога ќе се стекне со способност, да помага на оние кои ги боли Желудник.
Ако видите змија за прва пат во пролет, кажете го своето име на сиот глас, така ќе се заштитите во иднина змии да не ви се доближуваат.
Ако видите змија со рог, фрлете марамче врз неа, а ако на змијата и падне рогот. тој ќе може да ве излечи од мниогу болести.
Секоја куќа има своја змија која е чувар на куќата или претставува некој претецод претходните поколенија.
Исто така се верува дека не чини да се убие змија, ако дојде во близина на вашата куќа, зошто може да допринесе да умре некое дете.
Ако видите убиена змија не кревјате нозе, зошто така ќе имате болки во колената.
И ако рано во пролетта видите змии, тоа значи дека времето ќе биде убаво и топло.