ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ВАРДАР ПРИСТИГНА ДОМА – Конвојот со ракометарите на плоштадот Македонија


Панорамскиот автобус со ракометарите на Вардар пристигна во центарот на Скопје. Европскиот шампион од аеродромот „Александар Велики“ па се до Порта Македонија беше следен од илјадници возила во кои беа навивачите кои први ги дочекаа своите херои.

Колоната возила на чие чело беа новите европски шампиони беше поздравувана од многу граѓани кои излегоа на улиците, беа на мостовите, на терасите на зградите, на градежни објекти, истакнувајќи македонски знамиња и знамиња со боите на Вардар, црвено-црни.

И покрај многу топлото време скопскиот плоштад е преполн со луѓе кои ги очекуваат своите миленици да се качат на бината.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1