Денеска е Свети Симеон – треба да зготвите три јајца


На овој празник започнува црковната нова година. Според верувањето и светците се раководеле по овој календар. Со празникот Свети Симеон е поврзано есенското засејување, што е проследено со посебни обичаи и верувања, иако тие се различни во разни краишта на Македонија имаат и многу заеднички елементи.sv simeon

Народното верување уште вели дека на овој ден започнува црковната година и дека по календарот што започнува со овој ден се раководеле светците како Божји луѓе. Се верувало и тоа дека на тој ден Господ на некои умрени што доволно се покајале им ги простувал гревовите.

Светата православна црква на овој ден го празнува споменот на преподобниот Симеон Столпник кој умрел на 1 септември 460 година на 103 годишна возраст.

Околу него се собирал народот кои Свети Симеон ги лекувал и ги советувал. Од Свети Симеон започнува есенската сеидба. Се носело семе во црквата да се „очати и благослови“, а потоа дома се мешало со другото жито подготвено за сеење. Исто така се верувало дека на овој ден не се давало заем и не се изнесувало ништо од дома за да не се разнесе касметот, а ако некој барал нешто заем за да не се налути му се велело „семе изнасамо“.

Сите црни предмети од куќата се криеле од пред очи (тава, грне и др.) за да нема гламна житото. Орачот на нива носел дисаѓи со жито, а во житото имало прстен (златен или сребрен), потоа китка босилек, китка од разни други цвеќиња, две гросчиња бело и црно грозје, неварено јајце, чешел за коноп и мало лепче (кравајче). Во семето се измешувале и зрна од „брадата“ од минатата година што дотогаш се чувала во амбарот. На воловите им врзувале бела крпа за да е бело житото. По пристигнувањето на нивата орачот најпрвин изорувал една бразда, потоа низ прстенот пропуштал еден грст семе и го фрлал во нивата.

Чешелот го ставал во нивата за да е густ бериќетот како чешелот, белото грозје го фрлал во нивата за е бело (чисто) житото, а црното го фрлал надвор од нивата за да нема какол и гламна. Босилекот, китката со разни цвеќиња ги ставал во браздата како дар за нивата, а потоа со втората бразда сето тоа го покривал со земја.

Во Дебарца (Охридско) на Свети Симеон се пеело семето за есенската сеидба. Во една чинија се ставале разни семиња: пченица, ʼрж, јачмен, пченка грав и др. Во чинијата уште се ставало и босилек, а потоа таа се завиткувала со бела шамија (тулбенче) и се носела во црквата. Таму свештеникот ги пеел чиниите со семињата, од целото село заедно. По враќањето од црквата се одело на засевање. Ако времето не било стасано за засевање се засевало малку, барем неколку бразди, колку за адет. При засевањето најпрвин се сеело пеаното семе, а потоа босилекот се закачувал во нивата. Се верува дека босилекот има апотропејско дејство и дека нивата и житото ќе ги чува од разни несреќи, болести, поројни дождови, разни инсекти и сл. Според Веселин Чајкановиќ босилекот е божји цвет и дејствува како сигурен апотропејон. Откако ќе го насее пеаното семе орачот седнува да руча. На засевање за ручек задолжително се прави нешто сукано, за да се сучи касметот. Секогаш се засева на полна месечина и наутро кога сонцето оди нагоре. Тој ден по изнесувањето на семето не смее да се изнесува ништо црно од дома за да нема гламна житото, дури и на вода не се оди со црно котле или ѓумче.

Кога прв пат се оди засевање не чини некој со празен сад да го пресретне орачот. Може да им се случи несреќа на воловите, да му се скршат плугот или браната. Исто така, тој ден не се дава на заем ништо за да не се случи некој да го изнесе касметот од куќата. На заорување воловите се потураат со вода за да им биде лесно при орањето, како што е лесна водата или како што лесно оди водата. Кога ѕевгарот минува по патот сите што седат покрај патот стануваат и со тоа им прават чест на воловите, а се верува дека и земјата ќе им биде полесна кога ќе ораат. Очигледно во овие обичаи, верувања и магиски дејствија има многу елементи од имитативната, но и од преносната магија.

И во Радовиш каде што со овој празник започнувала земјоделската нова година, исто така започнувала есенската сеидба. Притоа на воловите и на ралото врзувале црвен конец со монистра „за лоши очи“, односно за од уроци. Во секоја куќа меселе зелник кој заедно со тепсијата го носеле на нивата на орачите. Овие откако благословувале, го изедувале зелникот, засевале колку за адет и се враќале при што трошките од зелникот ги закопувале во нивата за и касметот да остане на нивата и да не се разнесува.

Со богати обичаи и верувања овој празник бил проследен и во Кумановско. И овде се носело семе во црквата да се „очати и благослови“, а потоа дома се мешало со другото жито подготвено за сеење. И во овој крај не се давало заем и не се изнесувало ништо од дома за да не се разнесе касметот, а ако некој барал нешто заем за да не се налути му се велело „семе изнасамо“. Сите црни предмети од куќата се криеле од пред очи (тава, грне и др.) за да нема гламна житото. Орачот на нива носел дисаѓи со жито, а во житото имало прстен (златен или сребрен), потоа китка босилек, китка од разни други цвеќиња, две гровчиња бело и црно грозје, неварено јајце, чешел за коноп и мало лепче (кравајче). Во семето се измешувале и зрна од „брадата“ од минатата година што дотогаш се чувала во амбарот. На воловите им врзувале бела крпа за да е бело житото. По пристигнувањето на нивата орачот најпрвин изорувал една бразда, потоа низ прстенот пропуштал еден грст семе и го фрлал во нивата. Чешелот го ставал во нивата за да е густ бериќетот како чешелот, белото грозје го фрлал во нивата за да е бело (чисто) житото, а црното го фрлал надвор од нивата за да нема какол и гламна. Босилекот, китката со разни цвеќиња ги ставал во браздата како дар за нивата, а потоа со втората бразда сето тоа го покривал со земја.

Во Гевгелиско на овој ден береле црни метли и памук и го сметале за лесен празник. Интересни обичаи и верувања се забележани и во Разлошко. Во селото Драглиште уште при вршењето на житото се водело сметка за засевање да се одбере наједрото жито. Тоа го закитувале со црвени зрна од калинка, со растение смичец кое во ова село го викале староцвет и со други зелени цвеќиња. Од новото жито меселе една тркалезна пита со дијаметар околу една педа и со дупка во средината од околу една дланка. Таа се викала Богача што значело Богова пита, или Боговица. На нивата орачот ја држел погачата над една вреќа, а друг го истурал семето низ отворот на погачата во вреќата се додека таа не се наполнела. За тоа време додека се претурало семето низ питата сите домашни биле накитени на главите со калинки и други цвеќиња. И заврзаната вреќа ја накитувале со разни цвеќиња. Потоа погачата ја држела домаќинката, а сите вртеле во круг и откинувале по еден касај. Калинките се ставале за да е едро житото, а погачата се кревала високо за да порасне високо житото и да е чисто како што е чиста питата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1