УС Опен – И Њујорк падна на колена пред Ноле – Ѓоковиќ шампион во Њујорк !


Новак Ѓоковиќ по втор пат во кариерата го освои Грен слемот во Њујорк откако во 4.сета го победи Роже Федерер.Финалето траеше 3.часа и 20.минути.Српскиот тенисер се избори за  10. ГС титула и трета оваа сезона.Роже Федерер играше финале на Флешинг Медоуз за прв пат после 2009 ,оваа година после Вимблдон,по втор пат загуби Грен слем финале од Ѓоковиќ.

novak djokovic nole

Битката за титула на Артур Еш стадионот беше пролонгирана за три часа поради дожд,како вовед за најистрајните во вистински спектакл.Решаваа нијанси,Ѓоковиќ успеа да амортизира 19 од 23 брејк шанси на швајцарецот.Во првиот сет ,тенискиот број 1,рано  освои сервис на противникот и затвори со 6-4.Во вториот сет,Федерер го крена нивот на игра и усепа да изеданчи на 1-1 со 7-5.Во третиот сет,швајцарецот имаШе водтсво од 4-3 и можност да ја искористи психолошлата предност,но Ѓоковиќ се извлече  спасувајки две брејк топки и  во продолжение го сврте резултат во своја полза со 6-4.Четвртио сет  донесе брзо водтсво од 5-2 за водечкиот светски рекет,но Федерер имаше сили да избори 5-4 но не и да изедначи на 2-2 во сетови.Со идентични 6-4 Новак Ѓоковиќ го затвори четвртиот сет за 55.АТП титула.

 Финалето во Њујорк беше 42-от меѓусебен дуел на Ѓоковиќ и Федерер, резултатот е нерешен 21-21.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1