Денеска е Тодорица – младите невести прават еден адет за пород


Православните верници денеска ја прославуваат Тодорица, подвижен празник што се поместува во зависност од Велигден. Тодорова Сабота е првата сабота после Прочка и почетокот на Велигденскиот пост. Таа е празник на приврзаноста кон Велигденскиот пост.

Именден празнуваат: Тодор, Тодорка, Божидар (доаѓа од Тео-Бог и дар).todorica-1-640x406

Иако Тодорова сабота е црковен празник, а на тоа упатуваат повеќето обичаи што се изведуваат во црквата, сепак, на овој ден се изведуваат и повеќе обичаи кои очигледно водат потекло од многу постари времиња.

Најголемиот број обичаи поврзани со овој ден се изведуваат вечерта спроти празникот.

Во Гостивар, според еден понов запис, во минатото на овој ден доаѓале девојките и ергените од соседните села облечени во празнична носија, заедно со своите родители и шетале низ градот. Тоа било можност и за запознавање и за бендисување. Така во споменот на гостиварчани и околните села овој ден останал како ден на бендисувањето, односно како метафора на љубовта.

Во кривопаланечкото село Конопица последниве години е обновен еден древен ритуал што во минатото се изведувал на овој ден пред црквата што го носи името на св. Теордор Тирон. Имено во овој обичај учествуваат невестите што се омажиле помеѓу двете Тодорици заедно со своите свекрви задолжително облечени во народна носија. После ова поклонение пред светецот невестите веруваат дека ќе добијат пород и дека ќе ги следи благосостојба.

Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш“.

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1