Се верува дека небото на полноќ се отвара 3 пати, па мртвите души лесно влегуваат во рајот, а оној кој ќе ја дочека буден ќе посака 3 желби и тие ќе му бидат исполнети.
Раширено е верувањето дека на овој ден сонцето се движи назад од север кон југ, три пати застанува и заигрува.
Овој ден, исто такa, е познат и како Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител. Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Св Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на Св Јован златоуст. А кога престана иконобарството во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј во 850 година, чесната глава на Св Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.
Се верува дека небото на полноќ се отвара 3 пати, па мртвите души лесно влегуваат во рајот, а оној кој ќе ја дочека буден ќе посака 3 желби и тие ќе му бидат исполнети.
Оваа ноќ може да го откриете и закопаното богатство.
Во народната песна, во која се зборува за нешто што неможе да биде, и во која се фрла проклетство на девојка да не се омажи, девојката на која е фрлена клетвата на овој ден треба да се помоли во црква или манастир на Св Јован, да запали свеќа и да остави скромен прилог на храмот. Клетвата ќе биде остранета.
Кукурику.мк