Двајца тешко повредени мигранти на клиника, 16 во Визбегово


Двајца од мигрантите се со тешки повреди на карлица и колено заради што од велешката болница се подготвуваа да ги префрлат на скопските клиники. Ниту еден од мигрантите не е во животно загрозувачка состојба. Лекарите интервенирале во текот на ноќта и санирале помали повреди.

Останатите 16 мигранти во договор со полицијата ќе бидат пуштени од болница и префрлени во прифатниот центар во Визбегово.imigranti vrakjanje

Мигрантите биле превезувани во форд транзит комби возило со скопски регистарски ознаки. Полициска контрола со светло и звук дала знак комбито да застане, но возачот не застанал и се обидел со голема брзина да побегне.

Неколку часа по сообраќајката полицијата открила уште девет мигранти во автомобил. Возачот бил приведен. Од деветмината две биле деца. Мигрантите повеќето биле од Сомалија но и од Авганистан и Пакистан. Најголемата несрќеа се случи во април кога воз прегази 14 мигранти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1