Денеска е Успение на пресвета Богородица, бакнете ја својата мајка – тревките на овој ден се лековити


Православните верници денес го слават празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — значаен христијански празник посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос.

Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август по стариот календар, или 15 август по новиот календар.bogorodica 322

Во историските наоди се наведува дека иако Епифаниј од Саламис во 377. година напишал дека никој не ја знаел судбината на Марија, барем од V век постојат наводи за успението на Марија.

Во некои верзии на приказната се вели дека настанот се случил во Ефес, во куќата на Марија, а во најстарите традиции настанот се лоцира во Ерусалим.

Во некои подоцнежни верзии, се раскажува дека Апостолот Тома задоцнил на погребот и подоцна кога стигнал и го отворил камениот гроб виделе дека телото го нема и заклучиле дека, како и Исус, и Марија воскреснала и заминала на небото.

Исто така, се раскажува дека Марија им ја фрлила шамијата на апостолите од небото како доказ за нејзиното успение.

Успението на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте најголеми христијански празници, посветен на денот кога таа се преселила на небото.

Богородица се смета за заштитничка на жената, на родилките и за неа се врзани разни народни верувања според иконите на кои е претставена. Се верува дека таа живеела 60, односно 72 години според други сознанија.

Верувањата велат дека тревките набрани на овој ден имаат исклучително лековити својства.

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените кои немаат деца веруваат дека со милоста на Света Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

По сопствена желба Богородица била погребана во Гетсиманската Градина каде што биле гробовите на нејзините родители Јоаким и Ана и на свршеникот Јосиф. За време на погребот Св. Јован ја носел рајската гранка пред одарот, а апостолите го носеле телото на Богородица и над нив се слушало пеењето на ангелите. Светол облак ја обвиткувал поворката и противниците не можеле да да ја растурат иако постојано ја следеле и се обидувале тоа да го направат.

Празникот Успение на Пресвета Богородица меѓу народот е познат како Голема Богородица. За подостоинствено одбележување на овој празник му претходи двонеделен пост. На овој ден особена почит се искажува кон мајките.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1