Денеска го славиме светецот кој штити од болести – еве што треба да направите


Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 ноември.

Денеска е Св. маченик Арета.

Света Арета беше управник на градот Негран, Јужна Арабија. Во негово време со таа земја владееше некој евреин, кој сакаше да ги истреби христијаните од својата земја. Тој го опколи Негран и некое време безуспешно се обидуваше да го освои, а потоа им вети на граѓаните дека ќе го остави градот ако му ги отворат капиите за да го собере данокот. Христијаните поверуваа и го пуштија во градот. Тогаш Данаан (така му беше името) го повика Арета, свештениците и првенците кај себе и ги погуби. Потоа, неговата војска го испокла народот. Света Арета, заедно со околу 4000 христијани, пострада во шестиот век.

Светиот маченик Арет е заштитник на невините и немоќните кои на денешен ден, како што велат преданијата, треба да му се помолат со следниве зборови: „Со страдањата на Светите, кои настрадале за Тебе, исцели ги нашите болести, Те молиме“. Се верува дека ако искрено се кажат молитвите, помошта ќе пристигне и ќе се исполни секоја молитва.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1