Денеска не излегувајте без чадор – обилни врнежи од дожд


Во текот на денешниот ден не очекува облачно и врнежливо време. Врнежите кои беа застапени во текот на ноќта ќе станат интензивни во раните утрински часови, пред се во југозападниот крај од државата.

Претпладне врнежите малку ќе намалат на интензитет, додека попладне се очекува уште едно интензивирање. Се очекува и локална појава на грмежи, особено во јужниот дел од земјава. Очекуваме локално во југозападниот дел од земјата воден талог над 40 литри на метар квадратен од овој бран врнежи, јавува метеопро.мк.dozd2

Ќе дува умерен, повремено и засилен југоисточен ветер. Денот ќе биде свеж, а максималната температура низ котлините низ Македонија едвај ќе достигнува до 20°С. Југоисточниот регион очекува максимална температура не повисока од 23°С.

Што се однесува до Куманово и околината, денеска не очекува врнежлив ден со слаб југоисточен ветер. Дождот ќе биде застапен во целиот ден и ќе придонесе до намалување на дневните температури. Така од минимални 14 степени во утринските часови, во текот на денот температурата ќе се искачи само до 20 степени целзиусови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1