Детали за сообраќајката кај Охрид


Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што денес околу 10 часот се случи на стариот регионален  пат  Охрид-Струга во близина на Подмоље.

Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „Голф“ со струшки регистарски таблици кое се движело во правец од Струга кон Охрид, преминало на спротивната коловозна лента и директно се судрило со автобус на компанијата „Галеб“ што се движел во спротивниот правец.

Ohridnews

Ohridnews

Од силината на ударот починала Ардие И. (26) која го управувала патничкото возило „Голф“. Во сообраќајната незгода со полесни повреди се здобиле неколку патници кои биле во автобусот.

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Охрид како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај-Охрид.

За време на увидот,  патот  не беше запрен за сообраќај односно сообраќајот се одвиваше со пренасочување кон новиот регионален пат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1