Претпладнево ќе биде објавена пресудата за насилните протести од втори март организирани на Фејсбук за поддршка на именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана.
17 -мина се обвинети за учество во толпа што ќе стори кривично дело. Според пресметките на обвинителството разулавената толпа направила штета од речиси 9 милиони денари. Овде спаѓаат искршените возилата на МВР, над 15 приватни возила, 2 автобуски постојки, 10-тина прозорци, еден запален и два оштетени автобуси на ЈСП, две каменувани противпожарни возила кои дојдоа да го изгаснат пожарот.
20 тина полицајци кои интервенирале на протестите беа повредени со бекатон плочки, камења, шишиња и други тврди предмети. Во текот на судскиот процес сведочеа и граѓани кои биле случајни жртви на насилствата низ Скопје и биле повредени од хулиганите, но најголем број од нив не ги препознале обвинетите. Сведочеше и возачот на автобусот кој беше запален кај Бит пазар. Одбраната целосно ги негираше обвиненијата и ги оспори снимките од медиумите со чија помош МВР ги идентификуваше обвинетите.
Izvor/Foto – Kanal 5