Времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи. Пооблачно ќе биде во западните и јужните делови каде ќе има и почеста појава на грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а дневната од 21 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот со повремен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 25 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 4.
За време на празникот времето ќе биде без поголеми промени. Ќе се задржи и натаму нестабилно со повремен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Температурата без значителни промени.