Денеска променливо облачно, со локален дожд и грмежи


Времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи. Пооблачно ќе биде во западните и јужните делови каде ќе има и почеста појава на грмежи.dozd-banskoliev1

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а дневната од 21 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот со повремен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 4.

За време на празникот времето ќе биде без поголеми промени. Ќе се задржи и натаму нестабилно со повремен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Температурата без значителни промени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1