Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Температурата ќе се движи од 3 до 13 степени.
Првиот работен ден идната недела ќе биде сончев со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 3 до 15 степени. И во следните денови времето ќе биде сончево со умерена облачност, а утринските температури ќе се движат до – 3 и – 4 степени. Дневната максимална температура ќе биде до 16 степени.