Денеска сончево и топло, утре благ пад на температурите


Сончев, топол летен ден со мала локална облачност е прогнозата за времето денеска. Во попладневните часови од север ќе бидеме под влијание на посвеж воздух што ќе донесе благ пад на температурите. На југ максималната дневна температура ќе достигне до 39 степени.

Денеска ќе имаме и локално наоблачување кое наместа ќе донесе и врнежи од дожд.mk skopje vodno sonce22

Дневните температури денеска ќе бидат: Скопје 35 Целзиусови степени, Тетово 33, Гостивар 34, Маврово 24, Дебар 34, Крива Паланка 32, Кочани 33, Куманово 34, Штип 37, Берово 33, Струмица 37, Дојран 38, Гевгелија 39, Демир Капија 38, Кавадарци 37, Крушево 28, Охрид 33, Битола 35, Прилеп 34… УВ индексот денеска ќе биде 8.

Утре ќе дува умерен ветер од северен правец, ќе имаме локални врнежи од дожд, а дневните температури ќе се движат од 28 до 35 степени. Од сабота пак ќе имаме стабилно, сончево и ведро време со температури од 29 до 36, а во недела од 30 до 36 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1