Десетици Срби се повредени од кои еден се бори за живот во немирите на Косово


Десетици Срби се повредени, од кои еден се бори за живот, за време на судирот со припадници на специјалната косовска полиција во северниот дел на Косово, изјави денеска директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ и ги повика КФОР и меѓународната заедница итно да ги заштитат косовските Срби.

Петковиќ на прес-конференција во Владата на Србија, истакна дека поради настанатата ситуација српскиот претседател Александар Вучиќ заминал во Рашка, каде во 15 часот ќе се состане со политичките претставници на косовските Срби.

– Меѓу десетиците повредени, беше застрелан и тешко повреден Среќко Софронијевиќ (36), за кого се борат за живот во операционата сала во Косовска Митровица. Директорот на болницата истакна дека бил погоден во градите и дека ќе му извадат куршум заглавен во белите дробови. До ова доведе дивјаштвото на косовскиот премиер Албин Курти, изјави Петковиќ.

Тој нагласи дека ова е седми упад на косовската полиција во српски области, каде со „рафали“ се нападнати Северна Митровица и Звечан, оценувајќи дека намерата на Курти е „да предизвика големи конфликти“.
– Ги повикуваме и КФОР и меѓународната заедница да реагираат и да го спречат лудилото на Албин Курти. Бидејќи ако КФОР не е способен да реагира и да го заштити српскиот народ, има такви што ќе реагираат. Ова е вистински момент да го слушнеме одговорот од меѓународната заедница, која е должна да го одбрани српскиот народ, рече Петковиќ.

Тој наведе дека Србите ги спречиле единиците на специјалната косовска полиција да стигнат до техничкото училиште во Северна Митровица, а тоа истото го сториле и во Звечан, каде ги избркале „под рафали“, бидејќи упаднале во магацини и приватни куќи.

Петковиќ истакна дека Приштина од ден на ден генерира криза и се обидува да создаде нова реалност, но дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјавил дека Бура и нов погром на Србите нема да се повторат.

Тој ги повика Србите да останат воздржани и смирни и да не наседнуваат на провокации.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1