Десетици граѓани во шатори остануваат пред зградата на Владата


Неколку десетици граѓани и активисти го пиеја утринското кафе и појадуваа во кампот пред зградата на Владата, откако одлучија во шатори да ја поминат ноќта по завршувањето на вчерашните антивладини протести кои ги предводеше опозициската партија СДСМ.satori2

Во кампот се организира базар, турнир во шах, а пред импровизираната бина ди- џеј пушта музика од различни жанрови. Вечерва најавуваат и трибина од која на присутните ќе им се обрати Радмила Шеќеринска, потпреседател на СДСМ и неколку граѓански активисти.

За навечер е предвидено и проекција на филм од режисерот Белини. Присутните демонстранти велат дека ќе останат во кампот деноноќно се додека премиерот Груевски не си поднесе оставка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1