Maкедонец протеран од БиХ поради поврзаност со радикалните следбеници на селефизмот


Спроведувајќи засилени оперативни мерки за контрола на движењето и престојот на странци на подрачјето на Босна и Херцеговина, Службата за работа со странци денеска му го откажа престојот и му изрече мерка протерување со забрана  за влез и престој во БиХ на период од три години на лицето С.Б. (1984), државјанин на Република Македонија, кој е прогласен за закана за националната безбедност на БиХ, јави агенцијата Фена.

djihad balkan

Македонскиот државјанин, кој се доведува во врска со „радикалните следбеници на селефизмот“ во БиХ, е лоциран на подрачјето на Зеница, па заради обезбедување на извршувањето на мерката протерување и ограничување на движењето за заканата за националната безбендост на БиХ, сместен е под надзор во имиграциски центар.

Тој во БиХ престојувал  врз основа на одобрение за привремен престој врз основа на вонбрачна заедница со државјанка на БиХ, а веднаш по добивањето на податоците за неговите активности што можат да ја нарушат безбедноста на земјата Службата го процесуирала и притоа презела дополнителни мерки за неговото отстранување од БиХ.

Службата за работа со странци и во следниот период ќе продолжи за спроведува засилени контроли на движењето и престојот на странци во БиХ и со своето делување ќе дава полн придонес кон безбедноста на БиХ, соопшти Службата за работа со странците, а пренесува Фена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1