Десетмесечното девојче – најмладата жртва што стана тажен симбол на руската трагедија


Крик на болка и неверување од трагедијата во која загинаа 224 патнции и членови на екипажот на рускиот ербас. Најмалата жртва на авионската трагедија имала само десет месеци.

Во Синај започна пренесувањето на жртвите во Каиро од каде ќе бидат транспортирани во Санкт Петерсбург- за дел од нив ќе биде потрбена и ДНК анализа за да можат да бидат идентификувани, пренесува Канал 5.50000111_Darina_Gromov_3489

На местото каде што требаше да слета авионот – пред зградата на аеродромот во Санкт Петерсбург луѓето оставаат цвеќиња во знак на почит на загинатите.

„Не познавав никого од патниците, но и јас сум од Санкт Петерсбург и не можев да останам рамнодушна на ваква трагедија“.

„Тргнав да ја земам ќерка ми, кога ми се јавија пријатели да ме прашаат за бројот на авионот – не го знаев тоа, знаев само кога треба да слета“ вели татко чија ќерка била во авионот.

Роднините на загинатите но и целата руска јавност ги очекуваат одговорите што е причината за оваа трагедија.

10500-2808-

Сопругата на копилотот за руски медиуми  изјавила дека нејзиниот сопруг пред да полета се жалел на технички проблеми на авионот. Сепак претставник на компанијата Когалимавија тврди дека 18 години стариот авион бил во перфектна сотојба и дека пилотот бил исклучително искусен со 12 илјади часови лет зад себе, пренесува Канал 5.

Во истрагата која ќе ја водат египетски и руски истражители со тимови од Франција и Германија освен преслушувањето на црните кутии, најавија дека ќе го проверат и квалитетот на горивото а ќе ги испраашаат и сите кои го следеле движењето на авионот од контролата на лет .

Иако тврдењата од ИСИС дека авионот бил урнат од нивна страна беа веднаш демантирани, три авиокомпании  Луфтханза, Ер франс, и Емиратес одлучија да ги пренасочат нивните летови и тие да не прелетуваат преку Синај се додека не се утврдат причините за падот на рускиот ербас.

Светски експерти ја отфрлаат ваквата можност пред се поради фактот дека авионот бил на надморска височина која е недостапна за било кое протива – авионско оружје а од друга страна, тврдат дека припадниците на ИСИЛ ниту имаат такво вооружување. Она што засега е извесно е дека авионот оддеднаш ја изгубил висната и почнал вертикално да паѓа и се запалил – пред падот се поделил на два дела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1