ИД објави видео за да докаже дека тие го урнале рускиот авион


Исламската држава објави видео од последните моменти пред уривањето на рускиот авион во кој загинаа сите 224 патници и членови на екипажот. Терористичката група ја презеде одговорноста но не објасни како го урнала авионот.

Screenshot_129

првите фотографии од авионот по уривањето се објавени од канцеларијата на египетскиот премиер Шариф Исмаил кој го посетил местото на несреќата.

Досега се пронајдени 163 тела во широк круг на местото на несреќата, а осегот на пребарување ќе се прошири.
Пред авионот да падне не бил испратен никаков СОС сигнал, ниту авионот бил технички неисправен.

Експертите велат дека терористите немаат оружје да урнат авион на толкава висина од која тој почнал да паѓа( 31 000 стапки) , но можно е во е леталото претходно да била поставена бомба!53477_aa2_f_thumb_medium500_294

Професорот Мајкл Кларк за Би Би Си вели дека ова е голема веројатност.

– Се случила катастрофа на голема висина, леталото се поделило на два дела, што за мене сугерира експлозија во авионот. Дали таа била предизвикана од огромен инцидент или бомба – што за мене е поверојатно, јас размислувам во таа насока.

Египетскиот министер Хосам Камал изјави дека немало ништо невообичаено во комуникацијата на пилотот со контролата на летање, што е во контрадикција со неговото претходно тврдење дека пилотот барал најблизок аеродром да слета поради технички проблем.

Црната кутија е откриена и на анализа, која треба да фрли светлина врз откривањето на причината за уривањето на авионот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1