Десната рака на Бин Ладен: „Еве како го организиравме терористичкиот напад 911“


Неколку дена пред да биде убиен со американски дрон во јуни 2015 година, еден од предводниците на Ал Каеда, Насир ал Вухајши ја снимил својата исповед, во која објаснува како бил планиран нападот на кулите близначки на 11 септември 2001 година.

Тој бил еден од најблиските соработници на Осама Бин Ладен, кој имал увид во комплетната операција и тоа од самиот почеток на планирањето.septemvri2

Деталите за нападот се под наслов „Нераскажана приказна“ ја објавила ќелијата на Ал Каеда од Арапскиот полуостров (AQAP) на чие чело бил Вухајши се до својата смрт.

Тој во својот говор најпрво започнува со објаснување дека е потребно обединување на муџахедините, потенцирајќи дека тоа било клучно за успешноста на нападот на САД.

-Порано луѓето не ги разбираа нашите цели. Џихадистите беа поделени во неколку групи, а се бореа против диктатори кои владееја во нивните земји. Тогаш Бин Ладен заклучи дека мораме да се обединиме ако сакаме нашата борба да биде успешна. Одлучивме нашата база да биде во Авганистан, бидејќи раката на тираните на муслиманските држави тука не ни можеше ништо, вели тој.

Соработникот на Бин Ладен истакнал дека клучен момент бил оној кога сфатиле против кого треба да се борат.911 njujork bliznacki

-Осама рече дека ако навистина сакаме да ги удриме во срце, мораме да ја нападнеме Америка а не да водиме ситни битки против нивните слуги во нашите земји, рекол Вухајши додавајќи дека муџахедините биле свесни дека не можат да ја срушат саудиската влада.

Тој додал дека нападот на САД бил само еден чекор кон остварување на конечниот план на Осама Бин Ладен за обединување на сите муџахедини на светот во конечната борба против сите „неверници“.

Идејата за нападот на Кулите близначки потекнала од Халид Шеик Мухамед, кој бил мозокот на операцијата со која раководел Бин Ладен.

Бин Ладен „конечната“ инспирација ја добил по самоубиствениот напад на египетскиот пилот Гамил Ал Батутија кој во 199 година срушил авион со 217 патници во Атлантскиот океан.

Откако Бин Ладен ги чул деталите за самоубиствениот пилот, на своите соработници им рекол: „Зошто не се забил во зграда?“

Идејата конечно била разработена на состанокот на Бин Ладен со главниот организатор на нападот, каде до детали бил испланирано киднапирањето на авионите

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1