ДЕТАЛИ – Кривична пријава за скопјанецот кој со бензин ја запали поранешната супруга


Полицијата поднесе кривична пријава за убиство против скопјанецот кој на 3 август годинава ја запалил со бензин поранешната сопруга. Триесет и пет годишниот скопјанец бил фатен пред три дена и го признал делото.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против лицето А.И. (35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

На 3 август 2017 година во 20:30 часот, А.И. се сретнал со неговата поранешна сопруга Р.И. (32) од Скопје. Тие разговарале кратко и потоа се разделиле. После тоа пријавениот отишол на бензиска пумпа и купил бензин, кој го наточил во пластично шише од литар и половина. По кратко време поранешните сопружници повторно се сретнале на улицата „Цветан Димов“. Р.И. го чекала со дете и заедно со такси возило заминале во село Љуботен кон куќата на лицето Ф.С. (37) од Скопје.

Бидејќи не можеле да ја најдат куќата побарале помош од селаните во село Љуботен. Лицето М.К.(22) ги одвело до куќата. Пријавениот забележал дека во куќата нема никој и се преправал дека ѕвони и разговара со сопственикот Ф.С. од својот мобилен телефон, со намера да го прелаже М.К. дека сопственикот на куќата за кратко ќе пристигне.

М.К. заминал и по кратко време добил повик од Ф.С. при што заклучил дека тој и А.И. не разговарале. Се вратил во куќата и ги забележал А.И. и Р.И. како разговараат, а до нив имало запален оган. Во тој момент пријавениот му се развикал на М.К. и тој заминал. Набргу потоа, пријавениот со шишето бензин ја посипал Р.И. и со запалка ја запалил. Таа починала веднаш, а тој со детето побегнал од местото на настанот. По патот запрел едно возило кое ги однело до населба Чаир.

Во меѓувреме, селаните забележале оган кој зафатил мала површина од нива. Кога пристигнале да го локализираат пожарот забележале јагленисан човечки труп и пријавиле во СВР Скопје. На местото излегле Јавен обвинител и екипа на СВР Скопје и извршиле увид. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

По преземените мерки и активности за расчистување на кривичното дело, на 25 септември 2017 година, од страна на полициски службеници од Единицата – Алфа, од слобода бил лишен пријавениот А.И. Со него бил извршен разговор во кој тој признал дека го извршил кривичното дело.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1