Детали од страшната смрт: Возачот намерно ги одвел членовите на бендот во смрт


Четирите членови и менаџерот на британскиот бенд “Viola Beach”, загинале во Шведска минатиот месец, а истрагата покажала дека за несреќата е виновен возачот.bend-smrt-svedska-02

Возачот на автомобилот, кој во смрт ги одвел 20-годишниот Крис Леонард, 19-годишниот Ривер Риверс, 19-годишниот Џек Дакин, 27-годишниот Томас Лоуви и 33-годишниот Крег Тери, се однесувал ладнокрвно, соопштила полицијата.

“Изгледа дека возачот тоа го направил намерно”, изјавил Ларс Берглуд од шведската полиција која ја истражувала несреќата.

Идентитетот на возачот не е откриен, но со истрагата било утврдено дека не бил под дејство на алкохол и наркотици.

Утврдено било и дека автомобилот во кој се возеле бил технички исправен, како сигнализацијата на мостот од кој паднале во 25 метри длабокиот канал.

Автомобилот слетал од мостот во каналот во моментот кога подвижниот мост бил кренат, за под него да мине танкер со нафта.

Од двете страни на мостот автомобилите чекале истиот да се спушти за да го продолжат патот, но засега не постојат познати причини поради кои возачот на бендот “Viola Beach” ги заобиколил другите автомобили, ги пробил бариерите и прелетал преку подвижниот мост директно во вода.

Полицијата потврдила дека автомобилот со телата на настраданите бил во вода 15 минути пред да успеат да дојдат до него.

Членовите на бендот се враќале од својот прв настап во странство, кога трагично загинале два часа по полноќ во каналот Содертаље во Шведска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1