Канада на своите граѓани ќе им плаќа храна, превоз, облека


Додека голем број луѓе секој месец се борат како да ги покријат своите трошоци, канадската покраина Онтарио лансирала проект благодарение на кој сите граѓани на домашна адреса ќе добиваат чек со паричен износ доволен за да ги покрие сите нивни основни животни потреби.

Сличен експеримент со бесплатните пари веќе примениле Финска и Холандија, за да создадат поефикасна и пооптимистичка граѓанска класа.kanada-480x320

Таа идеја сепак не е од неодамна. За загарантираниот месечен приход се теоритизира уште од 1960-тите години. Надежта е голема во здружението „Мрежа за основен приход“.

– Сакаме да го воведеме во цела Канада, Квебек е прв во игра. Сите треба да се вклучат во прокетот, немаат никава причина да пропуштат ваква прилика — изјавила претседателката на мрежата.

Властите во Онтарио се уште не одлучиле која е свотата и според кои критериуми ќе биде доделена, но начелно го прифатиле планот па неговата примена е прашање на време.

Во Финска секој жител добива приближно 900 евра месечно за сите животни трошоци, додека во одделни градови на Холандија таа свота се искачува дури до 1.000 евра.

Проектот наишол на зелено светло и во самиот врв на власта. канадскиот министер за семејство, деца и социјален развој Жан-Ив Дукло, изразил задоволство што луѓето во неговата земја почнале да размислуваат за идејата -државата да им подарува пари за основните потреби.

Во теорија, основниот приход функционира. Според досега виденото, неточна е претпоставката дека бесплатните пари создаваат мрзеливи работници. Според релативните истражувања, кога луѓето мора да се потпрат на сигурноста на финансиската мрежа како оваа, оние кои примале бесплатни пари работеле 17 отсто повеќе работни часови, а ја зголемиле и својата заработка.

Кога во нивниот домашен буџет се додале и бесплатните пари, државата и работнциите полнале да заработуваат дури 36 отсто повеќе.

Канада е социјална држава во која пензиите и здравственото осигурување се на врвот на листата на приоритети. Очекувањата од овој експеримент според тоа се оправдано високи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1