Четириесет и осум годишниот скопјанец Г.К. е човекот кој синоќа околу 22 часот беше уапсен во трговскиот центар Сити мол.
Скопјанецот бил приведен откако полициски службеници забележале како со нож во раката шета низ трговскиот центар.
Тој по приведувањето бил пренесен во полициска станица, а против него ќе биде поднесена прекршочна пријава.
Неофицијално, човекот имал психички проблеми и изјавил дека со ножот сакал да сече месо за да ги рани кучињата околу трговскиот.