Детали за авионската несреќа кај Солунска глава – истрагата започна


Телата на загинатите од авионската несреќа кај Солунска Глава се изгорени и во нив не се најдени документи, пренесува бугарскаНова тв.

Според информациите загинатите не можат да бидат распознаени и треба да се земе ДНК од нивни блиски.

Георги, Гергана, Билјана и Калина Бошнакови се четирите жртви во вчерашната авионска несреќа кај Солунска глава. Се работи за семејство на бугарскиот бизнисмен со две деца, од кои едното е малолетно.

Авионот од типот „Цесна“ со германски регистрации летал од Охрид кон Софија.

Телата на загинатите веќе се извлечени и се предадени на обдукција.

-Службите на МВР, Институтот за судска медицина и Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти вршат увид под раководство на јавен обвинител, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Леталото се урнало на непристапен терен, а акцијата за негово проаѓање беше прекината доцна синоќа поради лошите временски услови.

Иако од МВР тврдат дека Македонија има капацитет за да ги извлече остатоците од леталото, од Јавното обвинителство посочуваат дека авионот се наоѓа на исклучително непристапен терен и во моментот не постојат услови за извлекување на леталото.

Ова е трета авионска несреќа со мал авион на територијата на Македонија во последните 10 години. Во 2008 година, авион од истиот тип, Цесна се урна во месноста Скребатно кај селото Лескоец, охридско. Во несреќата загина пилотот и тројца патници.

Во 2016 година се урна Пајпер во близина на селото Кожле. Загинаа шест луѓе, патници и членови на екипажот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1