Детали за избодените момчиња во Аеродром: Сакале да му помогнат, тој ги избодел


На едно од двете момчиња, кои што ноќеска, триесетина минути по полноќ, беа избодени со нож во скопската населба Ново Лисиче, му бил извршен хируршки зафат, по што е сместено на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување(КАРИЛ) и е приклучено на респираторна машина, велат за „Мета“ од Ургетниот центар.kliniki- brza pomos urgenten

Од таму додаваат дека момчето имало посериозни повреди на крвните садови, кои биле санирани, но поради нивната природа неговата состојба се`уште се води како критична и е под постојан лекарски наздор.

Неофицијално, во разговор со полицијата, едно од повредените момчиња кое е во контактибилна состојба рекло дека ноќеска додека џогирале на кејот на Вардар во Ново Лисиче, забежале непознато лице, спружено на клупа, кое не се чуствувало добро и повраќало. Тие дошле до него со намера да му помогнат, но во тој момент тоа извадило нож и почнало да ги боде.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1