Возачот на џипот кој удри во колата на директорот на фудбалската репрезентација без контрола над авотомобилот претекнувал на полна линија и зборувал на мобилен телефон – ова се првичните информации од истрагата за сообраќајката во која загина Петар Милошевски, а до кои дојде телевизија Алфа.
Истрагата ја води кумановското јавно обвинителство и извесно е дека во нивниот извештј ќе стои оти возачот на џипот бил под алхохол и удрил дирекно во колата на Милошевски во која тој бил совозач.
-Двете возила се во Скопје на вештачење. Се проверува брзината со која возеле, но според извори во истрагата и да возел брзо претседателот на ФФМ Ѓеоргиевски не отстапил од неговата линија.
Се проверуваат и информациите дека на џипот пред да удри во пежото не му биле вклучени светлата, пренесува Алфа.
Фудбалската легенда загина завчера пред полноќ, на магистралата Крива Паланка-Куманово. Фудбалерите се враќале од хуманитарен натпревар за болно момче.
Во „пежото“ на Милошевски повредени се уште двајца вработени во ФФМ и возачот на автомобилот Ѓеоргиевски.
Тие и возачот на џипот се добро. Вработените во ФФМ се возеле кон Куманово, а 62-годишниот од Нагоричане одел во спротивен правец кон Паланка. Според полицискиот увид, џипот се исправил среде пат, а пежото излетало на левата страна од коловозот.