Детали за кобната несреќа: Возачот на џипот претекнувал на полна линија, зборувал на мобилен


Возачот на џипот кој удри во колата на директорот на фудбалската репрезентација без контрола над авотомобилот претекнувал на полна линија и зборувал на мобилен телефон – ова се првичните информации од истрагата за сообраќајката во која загина Петар Милошевски, а до кои дојде телевизија Алфа.

vozilo-500Истрагата ја води кумановското јавно обвинителство и извесно е дека во нивниот извештј ќе стои оти возачот на џипот бил под алхохол и удрил дирекно во колата на Милошевски во која тој бил совозач.

-Двете возила се во Скопје на вештачење. Се проверува брзината со која возеле, но според извори во истрагата и да возел брзо претседателот на ФФМ Ѓеоргиевски не отстапил од неговата линија.

Се проверуваат и информациите дека на џипот пред да удри во пежото не му биле вклучени светлата, пренесува Алфа.

dzipФудбалската легенда загина завчера пред полноќ, на магистралата Крива Паланка-Куманово. Фудбалерите се враќале од хуманитарен натпревар за болно момче.

Во „пежото“ на Милошевски повредени се уште двајца вработени во ФФМ и возачот на автомобилот Ѓеоргиевски.

Тие и возачот на џипот се добро. Вработените во ФФМ се возеле кон Куманово, а 62-годишниот од Нагоричане одел во спротивен правец кон Паланка. Според полицискиот увид, џипот се исправил среде пат, а пежото излетало на левата страна од коловозот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1