Детали за КУМАНОВО – МВР


Полициската акција дефинитивно е завршена – терористите се елиминирани, ова го изјави помошникот министер за односи со јавност на МВР Иво Котевски . Уапсени се команданти од терористите и тоа според МВР се работи за следните лицаivo kotevski 2

Мухамет Красниќи, командант Малишева

Мирсад Ндрецај, познат како командант Нато

Сами Укшини, познат како командант Соколи

Бекир Изај – алијас Бегу

Тројца од нив сами и се предали на полицијата. Групата броела околу 40 лица. На лице место е пронајден огромен арсенал на оружје.  На униформата имале ознаки на УЧК а дел од нив се и припадници на таканаречената 113 бригада на УЧК.

14 тела во униформи се најдени во кучите каде се криеле терористите – чии идентитет ќе се утврдува дополнително. Од нив единствено е досега идентификуван Џафер Зумбери од Ѓаковица

Според МВР не е исклучено дека во просториите кои се уште се претресуваат и расчистуваат да има уште тела на загинати терористи.

Групата влегла во Македонија во почетокот на месецов, а планот бил во Мај да почнат со напади на цивилни места и полициски станици

Официјално 8 загинати полицајци – 37 повредени во акција

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1