Неофицијалните информации кои ги објавуваат локалните медиуми говорат дека убиената жена во трговскиот центар во Минск, била обезглавена со моторна пила.
Според изјави на очевидци кои ги пренесуваат медиумите, маскиран напаѓач се доближил до жената, за која се верува дека е на возраст од 30 години, која била најблизу до неа и ја обезглавил.
Медиумите пишуваат дека напаѓачот има 18 години, а во нападот во трговскиот центар повредени биле уште неколку лица, меѓу кои и 46 годишна жена.
Портпаролот на локалната болница во изјава за медиумите потврдил дека хоспитализирана е жена која има повреди во градите и рамото нанесени од секира. Во моментов таа се наоѓа под лекарски третман.
Полицискиот портпарол потврдил дека напаѓачот е уапсен.