Страшна несреќа се случи денес откако гром удри во брачен пар во месноста Долно Садово во атарот на селото Беровци. Прилепчанецот Гоце Трајкоски (1960) го загуби животот од громот кој го погодил, јави „10без10“.
Во кобниот момент Трајкоски бил на нива, каде што со сопругата, која е повредена, нижеле тутун.
– Најверојатно машината за нижење го привлекла громот. Силното електрично празнење предизвикало велоно изгореници на левиот колк и дел од стомакот, а на стопалата од нозете имал по 5 до 6 излезни рани – соопшти д-р Гоце Јонзоски, началник на службата за итна медицинска помош од Прилеп.
Иако за неговата сопругата прво стигнаа вести дека е повредена и се бори за живот, сепак, новите информации велат дека таа доживеала силен стрес, по што веднаш била хоспитализирана на нервното оделение во прилепската болница.