Детали за пукањето кај Капитол: Излегол од автомобил и почнал да пука кон Бисер


kapitol aerodrom policija lenta

Фото – Прес24

Тепачка била причина за вечерашното пукање на булеварот Јане Сандански спроти трговски центар Бисер во населбата Аеродром, пренесе Пресс24.

Според изјави на очевидци, тепачката започнала зад трговскиот центар кога група повозрасни луѓе со безбол палка нападнале помладо момче. Момчето иако повредено успеало да ги викне своите другари кои веднаш дошле пред трговскиот центар.

Возвратиле на нападот по што едно од лицата кое според неофицијални информации возело автомобил марка Мерцедес извадило пиштол и почнало да пука.

 

Се вели дека меѓу двете групи од кои едната не била од скопската населба Аеродром подолг период имало нетрпеливост и серија инциденти на повеќе места во Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1