Трагедија синоќа го зави Скопје во црно кога во 16 часот и 45 минути на регионалниот пат Скопје – Велес, во населбата „Гоце Делчев“, млад живот згасна во сообраќајка.
Според податоците кои денеска ги објави МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Пежо Партнер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Д.П. од селото Јурумлери која удрила во автобус „Лаз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од страна на 32-годишниот скопјанец Т.П..
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила девојката која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар Скопје. И покрај напорите на лекарите, таа во 18 часот и 20 минути починала.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата. По наредба на Јавен обвинител на местото излегол обдуцент од институтот за судска медицина.