Детали за тепачка на гласачко место во Бутел


Во Основото училиште „Петар Здравковски- Пенко“ во скопската општина Бутел денеска околу 10 часот се случила тепачка помеѓу две лица, за време на гласањето.

-Во момент на напуштање на училишниот двор дошло до нарушување на јавен ред и мир помеѓу 32- годишниот Г.Н. и 48- годишниот Г.Т. поради претходна расправија и несогласувања. Интервенирала и полицијата, велат од МВР

Потоа, гласањето во училиштето продолжило нормално.

Инаку, училиштето се наоѓа меѓу општините Бутел и Чаир и таму гласаат жителите од двете општини.

ВИДЕО: ТВ 21

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1