Дваесет и четири годишниот Башким Д. од тетовското село Челопек е лицето кое го загуби животот при изведување на градежни работи.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски во изјава за Курир вели дека несреќата се случила во близина на кичевското село Бачиште каде се работи на изградба на мини хидроцентрала.
Багерист при маневар на градежна машина удрил во 24 годишниот Башким и 50-годишниот негов колега, исто така од Челопек. Двајцата повредени итно биле пренесени во кичевската болница каде за жал, Башким им подлегнал на сериозните повреди.
Второто лице има тешки повреди, но се наоша надвор од животна опасност.
Полицијата на местото на несреќата извршила увид во присуство на Јавен обвинител и трудова инспекција.