Детали за трагедијата во кичевско во која едно лице загина


Дваесет и четири годишниот Башким Д. од тетовското село Челопек е лицето кое го загуби животот при изведување на градежни работи.policijaMKD

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски во изјава за Курир вели дека несреќата се случила во близина на кичевското село Бачиште каде се работи на изградба на мини хидроцентрала.

Багерист при маневар на градежна машина удрил во 24 годишниот Башким и 50-годишниот негов колега, исто така од Челопек. Двајцата повредени итно биле пренесени во кичевската болница каде за жал, Башким им подлегнал на сериозните повреди.

Второто лице има тешки повреди, но се наоша надвор од животна опасност.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид во присуство на Јавен обвинител и трудова инспекција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1