Тешка несреќа се случила синоќа во 23.10 часот на раскрсницата на улиците Костурски херои и Партизански одреди.
До несреќата дошло кога „ауди“ со скопски регистарски таблици управувано од 22-годишниот скопјанец Б.Д. удрил во пешакот Р.П., роден 1958 година од Струмица.
По ударот, пешакот тој бил пренесен во Ургентниот центар со тешки телесни повреди.