Детали за злосторот: Слаѓана молела да ја повлечат од служба, ја убија чекајќи замена


Службеничката на српската амбасада, Слаѓана Станковиќ, која загина во бомбашкиот напад во Либија, неколку месеци пред киднапирањето молела да ја повлечат од мисијата во Либија.

Нејзе и’ истекол мандатот уште пред неколку години, но останала таму се до ноември минатата година кога е киднпирана, бидејќи не можеле да и најдат замена.Libija-ubijeni-radnici-ambasade-620x350-620x320
Станковиќ на службата во Либија поминала девет години, а загинала заедно со колегата Јовица Степиќ.

Телата на загинатите Срби требало синоќа да стигнат во Србија, но поради процедурални причини во врска со транспортот, тоа се уште не се случило. Министерството за надворешни работи ќе почека за транспортот на телата уште малку, а доколку тоа не се случи, телата ќе бидат префрлени преку Тунис од некоја друга земја.

-Либија во знак на сочуство понуди свој авион, а српската страна побара дозвола за слетување во Триполи. Дозволата засега се уште не сме ја добиле, рече шефот на српската дипломатија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1