Детална исповед на сопругот на Јелена: Излеговме на насип, Јелена трчаше и наеднаш…


Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената пејачка, вчера во семејната куќа го раскажал секој детаљ од исчезнувањето на сопругата објаснувајќи што навистина се случувало во саботата на насипот каде пејачката трчала.

-Луѓе таа мене ми беше се на светот. Ми го чуваше детето од првиот брак. Беше и мајка и домаќинка. Јас сум полумртов човек без неа – изјавил Зоран за медиумите.zoran-marjanovic

Како што пренесуваат медиумите тој цело време плачел но успеал да се соземе и ги раскажал сите детали околу исчезнувањето на сопругата, кои ден порано ги раскажал и во полицијата.

-Излеговме на насип, Јелена трчаше, а јас се играв со ќерката Јана. Цело време ја гледав додека трчаше. Во еден момент се занесов во играње со ќерката на некои 20 минути и Јелена ми исчезна од видот. Штом не можев да ја пронајдам со погледот се исплашив – раскажал Зоран и додал дека веднаш почнал да трча во насока каде последен пат ја видел.

-И звонев на телефон но таа не се јавуваше. Бев преплашен. Трчав со ќерката колку не држеа нозете. Таа викаше:„Мама, мама!“. Го изгубив гласот колку што ја викав. Тогаш сфатив дека некој ја киднапирал. Сите прашувате зошто веднаш не појдов во полиција. Чекав да се јават, да бараат откуп. Мислев каде да најдам пари, колку ќе бараат. Во исто време наши роднини ја бараа на насипот. Не можев ниту да помислам дека некој би ја убил – низ солзи раскажал Зоран Марјановиќ за српски Телеграф, кој со Јелена бил девет години во брак.

Зоран на полицијата и раскажал кого сретнал на насипот од моментот кога пејачката исчезнала:

-Сретнав еден човек на велосипед со црвен ранец и еден маж кој се шеташе. На полицијата колку што можев и ги опишав овие двајца. Ги прашав дали виделе жена која трча тие одмавнаа со главата. Таа е силна жена, ова го сторил некој кој ја познавал – се исповедал Зоран.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1