Заев: Повикувам на широк граѓански фронт за слободна Македонија


Повикувам на широк граѓански фронт за слободна Македонија против Никола Груевски, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конференција, по синоќешната објава за бојкот на изборите на 5 јуни.zaev

-Повикувам во Платформа за слободна Македонија да се приклчуат коалициските партнери, политичките партии, невладините организации, сите борци за слобода. Заедно со граѓаните да ја вратиме демократијата, да ја донесеме слободата. Бидејќи тоа не е прашање на личен избор, туку на Македонија и нејзината иднина. Демократска Македонија не прифаќа лажни избори. Слободна Македонија за фер избори и слободни медиуми. Слободна Македонија за независни институции во служба на граѓаните. Слободна Македонија за вистинска борба против корупцијата и криминалот. Слободна Македонија за враќање на европските вредности и зачувување на националните интереси на Република Македонија. Или Груевски или Македонија! Заедно застануваме на страната на Македонија!“, рече Заев.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1