Убиецот буквално и ја смачкал главата на пејачката: Истрагата се врти околу еден детаљ


Следните 24 часа се клучни во истрагата за смртта на младата пејачка на Гранд, Јелена Крсмановиќ. Главните докази на кои полицијата се осврна се ДНК анализата на крвта најдена на телото на пејачката, која може да покаже кој е монструмот кој брутално ја уби Јелена со 30 удари од дрвена палка по главата. Засега е познато дека крвта не е на сопругот Зоран кој и покрај тоа што два пати помина на полиграф, беше задржан цели 48 часа во полиција.jelena-jeca-krsmanovic-poslednji-intervju-1459847545-879729uykuyky-48995

Истрагата и понатаму се врти кон сопругот кој имаше видливи рани на рацете, поради што сомнежот падна на него. Сепак, досегашните резултати покажаа дека тој нема никаква вмешаност во грозоморното дело.

– Сега се проучуваат заканувачките пораки кои Јелена ги добивала. Таа не ги сфаќала сериозно, но имало закани. Исто так, клучни се односите и во куќата на семејството, вели извор за српскиот Курир.

До сега се покажа дека несреќната жена била брутално убиена и починала во големи маки. Таа 30 пати со дрвена палка била удрена во главата, и бил пукнат черепот од силните удари и имала внатрешно крварње. Целата била искасапена, а потоа фрлена во канал каде полицијата ја пронајде по 20 часа барање.

Јелена на почетокот трчала и се борела, за што говорат и трагите на нејзиното тело, и крвта која останала. По првиот удар со палка се онесвестила и веќе немала шанса да се бори, додека убиецот и го смачкувал черепот.

Веќе мртвата жена била одвлечена стотина метри и фрлена во каналот каде ја пронајдоа.

Според полицијата, големиот број удари говорат за односот на жртвата и убиецот, тоа дека најверојатно се познавале од претходно и имало силна омраза, поради што тој или таа брутално и ја смачкал главата.

И утрово полицијата стражари пред куќата на семејството. Сите детали се очекуваат во наредните 24 часа. Главна трага сега се СМС пораките и оние заканувачки пораки кои Јелена ги добила на Фејсбук.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1