Дете го спасило Алан Рушел по трагедијата (ФОТО)


Првиот фудбалер што беше изваден од урнатините беше Алан Рушел, а најзаслужно за неговото спасување е десетгодишно дете чие име засега не се објавува во јавноста. Ова дете прво дошло до местото на несреќата и при пристигнувањето на спасувачките служби ги упатило одговорните токму на местото каде го видело Рушел како се обидува да излезе од урнатините.rajan

-Ние ги паркиравме камионите при самото пристигнување кога од никаде се појави едно дете. Ни кажа дека има преживеани кои се обидуваат да излезат. Полицаецот што беше со нас ни нареди да го земеме детето со нас да ни покаже точно каде се тие лица, по што тоа не однесе до Алан Рушел, вели еден од спасувачите.

Фудбалерот бил тешко повреден, имал скршеница на колкот и цело време зборувал како сака да се чуе со своето семејство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1