Во 12,00 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид, 40-годишна жена од Охрид пријавила дека истиот ден околу 01,10 часот додека нејзината 16 годишна ќерка се враќала пеш кон нејзиниот дом, била следена од Н.Т од Охрид и пред влезот од нивната зграда истиот почнал да ја допира по телото.
Кога девојчето почнало да вика за помош излегол соседот, по што Н.Т. избегал од местото на настанот.
Известен бил Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.