Дете тврди дека живеело на Марс: Знам што не очекува (Видео)


Руското момче Бориска тврди дека некогаш живеело на Марс и дека планетата била населена, но дека ја преживела најголемата катастрофа во својата историја, губењето на атмосферата.

b1180b57d2a6fcaacfea5479ef084e6d

По тестирањето во училиштето надлежните решиле Бориска веднаш да го посетува второто одделение, но потоа тоа им било товар. Никому не му се допаѓало тоа што момчето од еднаш го прекинувало наставникот и му велело дека не зборува вистина, а тоа се случувало, дури и по неколку пати на ден, пренесува „Аура“.

За необичното дете Бориска прв пат се слушна од приказната на еден очевидец на експедиција на северот на Волгоградската област.

boriska1Тој постојано на возрасните им зборува дека на Марс имало цивилизација, за мегалитските градови и марсовските вселенски бродови, за летовите на другите планети и за државата Лемурија на Земјата, чиј што живот го познавал од сопствено искуство, бидејќи вели дека понекогаш доаѓал од Марс, на големиот континет, каде што имал и пријатели.

Сите кои што разговарале со него, се изненадени од две работи. Првин поради тоа што има невообичаено знаење за еден дванаесетгодишник, како и тоа што говорот не е на ниво на дете на неговата возраст. Тој користи терминологија, детали и факти од минатато за Земјата и Марс, поради што му завидуваат дури и универзитетските професори.

Бара пријател „Земјанин“

Интересно е што Бориска дошол на светот на 11-ти јануари 1996 година, во градот Волзхку, во провинциското породилиште. Мајка му, Надежда Кипријановиќ работи како дерматолог во градската болница, а татко му Јуриј Товстенев е офицер. Тие велат дека ќе бидат среќни доколку некој може да им помогне за да се реши невобичаениот феномен за неговиот син, но засега со интерес го набљудуваат своето чудо.

boriska3Кога има година ипол веќе можел да чита тешки зборови од весниците. На двегодишна возраст започнал да црта различни нијанси. Сите негови воспитувачки велат дека имал голема дарба за јазиците и дека мозокот му е неверојатно развиен. Забележале и дека има феноменално помнење. Но, родителите утврдиле дека нивниот син до своето знаење не доаѓа само од набљудување на околината, туку и од некои други извори. Велат „како да примаше некои информации од некаде“.
-Никој не го научи на тоа. Изнесуваше такви детали за Марс, планетарниот систем и другите цивилизации, по што останувавме без зборови-изјави мајка му Надежда.

Бориска вели дека некогаш живеел на Марс, и дека таа планета била населна, но дека ја преживеала најголемата катастрофа во својата историја, губењето на атмосферата. По тоа малкуте граѓани живееле во подземните градови. Во тоа време тој често летал на Земјата поради трговија и научно-истражувачката мисија.

Boris_Kipriyanovich_jeuneИзгледа само тој бил пилот на вселенскиот брод. Тоа се случувало во време на Лемуријската цивилизација, но имал и пријател Лемурец кој починал пред неговите очи.
-Се случи голема катастрофа во која експлодираа планини, а големите континенти се распаднаа и потонаа под вода. Одеднаш голем камен падна во местото во кое што бевме јас и мојот пријател. Не можев да го спасам. Сега треба да се сретнеме на Земјата-вели тој.

Најавува големи катастрофи

Кога ќе има инспирација, тој зборува интересни приказни за Маите, бидејќи смета дека луѓето не знаат многу за тој фасцинантен народ. Според него на Земјата сега се раѓаат посебни деца, поради некои големи промени, кои што треба да се случат на планетава. Затоа ќе биде потребно ново знаење, пошироко од менталитетот на земјаните.

-Се почесто се раѓаат „индиго“ деца, но во нашиот град не сум сретнал. Можеби Јулио Петрова, таа ми верува, што значи дека нешто чувствува. Остататите обично се смеат кога зборувам. На Земјата ќе се случат две катастрофи и затоа се раѓаат тие деца, бидејќи мора да им помагаат на луѓето. Половите ќе се свртат. Јас се плашам од тие катастрофи, бидејќи ние живееме вечно. Се случи катастрофа и на Марс, каде што порано живеев. Тие беа народ како ние, но дојде до нуклеарна војна и се изгоре-тврди тој.

Бориска наведува дека Марсовците дишат воздух кој претежно се состои од јаглед диоксид, а кога тие би дошле на нашава планета би живееле во близина на оџаците.

boriska4-Кога ќе се најдеш во тело на земјанин го вдишуваш овој воздух. Но ние не го сакаме, бидејќи тој предизвикува стареење. На Марс луѓето вечно се млади, на возраст од околу 30 и 35 години.
Тој не се сеќава на своето име од животот на Марс, туку само на својот живот од тринаесетата година.
-Носевме посебни очила и се боревме цело време. Може повторно да се оживее Марс, но постои една станица, која што е потребно да се уништи. Тоа е тајна, но можам да нацртам како изгледа, бевме близу до неа
Родителите го воделе на различни прегледи, бидејќи стравувале за него. Свесни се дека тој е чудо на природата.

Вселенска катаклизма

Една рекол дека научниците сигурно ќе ги интересира тоа што во нашиот Сончев систем нема девет планети, туку две повеќе. Тие се наоѓаат зад Плутон.

boriska2Според неговите зборови Марс некогаш бил во близина на Јупитер. И Месецот тогаш му припаѓал на Марс, но по вселенската катаклизма Марс ја сменил својата орбита и така Земјата го добила својот сателит, Месецот. Но, тој не може да се сети на некои детали од тој период.

На петгодишна возраст ги изнанадил своите родители кога почнал да зборува за планетата Просерпина, која што е уништена пред повеќе стотици илјади, а можеби и милиони години.
-Таа планета повеќе не постои, но нејзините жители се телепортирани во петата димензија, која што ја викаат паралелен свет. Ние ја гледавме смртта на планетата од Марс- раскажува Бориска.

A1On.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1