Детенцето фрлено од зграда во Хиподром засега во стабилна состојба, мајка му во тешка


Шестгодишното момче кое утринава мајката го фрлила од 4-ти кат е хоспитализирано на КАРИЛ.

Според информации на zdravstvo24.mk, со возило на Брза помош во клинички биле донесени во многу тешка состојба и детето и мајката која исто така се обидела да си го одземе животот со скокање од 4-ти кат.

И двајцата биле реанимирани и се  хоспитализирани на КАРИЛ.kliniki- brza pomos urgenten

Во еден момент според кажувањето на еден од соседите, жената го фрлила детето, а жиците за алишта на подолните катови и соседите кои биле сведоци на ужасот притрчале и го ублажиле падот на детето. Тоа со итна медицинска помош било префрлено во Ургентниот центар.Тоа има повреди на главата од падот и ударот во шипките на пониските тераси.

мајката има серија скршеници на ребрата, таа е приклучена на апарати за дишење и не е контактибилна.

Детето полека станува контактибилно, засега нема крварење во главата, но тоа може да се промени, ќе треба да му се прават и дополнителни испитувања, па лекарите засега не даваат прогноза за исходот од лекувањето. Се очекува резултат од ехо испитување за уште еднаш да се провери дали има некакви внатрешни повреди .

Полицијата и пожарникарите се обидувале да ја отргнат од намерата жената и таа да скокне, велат соседите, а жената цело време извикувала – “ Аце кога ме тепаше никој не ми веруваше, а сакаше да ми го земе и детето“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1