Осумгодишното дете чиј татко го однесе со него во Сирија било вратено на Косово.
Праневера Абази, мајката на Ерион Зена, потврди за Радио Слободна Европа дека нејзиниот син бил вратен дома, без да даде дополнителни информации.
Според неа, Ерион бил земен од неговиот татко Арбен во јули кога тој им се приклучил на милитантите на Исламската држава во Сирија.
Претседателката на Косово Атифете Јахјага ја пофали операцијата на Косовската разузнавачка агенција која резултирала со враќање на Ерион.
Нема детали за операцијата која била одобрена од претседателката Јахјага. Властите во Приштина велат дека меѓу 100 и 200 косовски Албанци им се придружиле на милитантите во Сирија и Ирак.
Најмалку 16 од нив биле убиени.